Новата година претставува нов почеток, почеток во кој што можеме да ја започнеме годината со пресврт, време во коe што си ветуваме дека ќе бидеме подобри, посилни, и поздрави. Но, тоа претставува голем предизвик кога станува збор за враќање во форма после празниците и може да изгледа многу застрашувачки. Немојте да се грижите, здравите навики немора да значат комплицирани рутини, страшни диети, или пак целосна промена на животниот стил.
Спротивно на тоа, малите чекори ја прават големата разлика. Здравите навики се започнуваат со едноставни избори, како внесување на балансиран појадок, додавање на протеин и зеленчук во оброците, како и редовната хидратација.
Како да го започнете денот?
Во овој блог, ќе ви споделиме неколку совети како на лесен и одржлив начин да ги имплементирате овие здрави навики во вашиот живот. Се што ќе ви треба е желба и мотивација за здравје, а исто така и неколку 2U закуски низ оваа мисија!
Доручекот е битен бидејќи му обезбедува на телото енергија и хранливи материи потребни за ментална и физичка продуктивност во текот на денот. Според овој факт, ние треба да се храниме со оброци што имаат протеини, јаглехидрати, здрави масти, витамини и минерали. А токму тоа го имаат 2U муслите, кој што идат во 4 различни вкусови:
- Класик
- Натс
- Чоко
- Тропикал
За да ги зголемите протеините и витаминот во вашите мусли, можете да ги подготвите со разнолика храна како грчки јогурт, путер од кикиритки, чиа семе, свежо овошје и парче темно чоколадо. Оваа комбинација не само што ќе го збогати вкусот, туку ќе ги обезбеди и сите потребни хранливи материи за почеток на денот. Ако сте заинтересирани, можете да го видете овој брз и лесен рецепт на нашиот тик-ток акаунт: https://bit.ly/БрзИЗдравРецепт 👈🏻

Зошто Хидратацијата е клучот што ја отвара вратата?
Додека го читавте поднасловот си помисливте, зошто хидратацијата е клуч? Еве сега ќе ви појаснеме. Можеби звучи едноставно, но хидратацијата се рачуна како еден од најважните аспекти на здравиот животен стил.
Многупати на нашето тело природно му иде да го смеша чуството на жед со глад, па следниот пат кога осеќате потреба за да зграпчете некоја закуска, запрашајте се дали сте доволно хидрирани и напите се една чаша вода.
Пиењето доволно вода помага да ја одржиме енергичноста, ја подобрува концентрацијата и го регулира метаболизмот. Затоа, важно е да го чуваме телото хидрирано во текот на денот и да не дозволиме да се мешаат знаците на жед и глад.

Ситни задоволства
Промената во здрав животен стил немора да значи дека треба да се одкажеме во уживањето, само треба да внимаваме колку често внесуваме штетна храна и како ја балансираме. Пример наместо некое чоколадо полно со шеќери, заменете го со 2U барот од кикиритки, уживањето ќе биде исто ама многу поздраво.
Со времето, овие мали промени можат да направат голема разлика. Кога ќе научите да избирате попоздрави алтернативи, не само што ќе се чувствувате пополни со енергија, туку и ќе ја подобрите целокупната здравствена состојба.

Активен Живот
Активниот живот е важен, но тоа не значи дека треба веднаш да се зачлените во теретана или да започнете со интензивни тренинзи. Пешачењето е одличен начин да започнете со активност, а паралелно со тоа можете да вклучите и неколку едноставни вежби за истегнување дома. Вежбите ќе стануваат полека поинтензивни, а ако вашето тело се навикне на овие лесни вежби, ќе се прилагоди и на поголемите напори.
Како што напредувате во физичките активности, добро е да го продолжите времето на пешачење и вежбање, дозволувајќи му на вашето тело постепено да се прилагоди на зголемената активност. Овие промени не придонесуваат само за физичкото здравје, туку значително го подобруваат и психичкото, намалувајќи го стресот и чувството на анксиозност. Конзистентноста е основата на активниот живот, кога ќе ја усвоите како дел од вашата рутина, ќе се изненадите колку многу можете да постигнете.

Заклучок
За крај, најважно е да останете посветени и доследни. Активниот живот постепено ќе стане дел од вашето секојдневие, а одржувањето на таа рутина ќе ви донесе многу придобивки, како зголемена енергија и подобро расположение. Со овие мали, но значајни акции, нема само да направите пресврт во вашиот живот, туку ќе создадете начин на живот кој ќе ве поттикнува да бидете најдобрата верзија од себеси.
