Брз, а здрав рецепт

Првиот оброк во денот е многу повеќе од само нешто што го јадеме за да започнеме денот.

Првиот оброк е клучен за нашето здравје, бидејќи ни дава енергија, ја покренува метаболизмот и го подготвува телото за активностите кои следат. Истражувањата покажуваат дека појадокот кој вклучува протеини и лесни состојки не само што ни дава енергија, туку и помага во регулирање на дигестијата. Кога избираме здрава и лесна храна, ја стимулираме природната потреба за посета на тоалет и го почнуваме процесот на ослободување од токсините што се акумулирале додека спиеме.

Затоа, наместо да се потпираме на брза и не здрава храна, зошто да не избереме нешто што ќе ни помогне да се почувствуваме полни со енергија и свежи? Во овој блогпост ќе споделиме неколку брзи, но здрави рецепти кои ќе го трансформираат вашиот утрински оброк во задоволство за вашето тело и ум.

Овошна мусли кашичка 🍓🍌🫐

Оваа мусли кашичка е полна со протеин и со енергија што сигурно ќе ве држи сити до ручек. Припремата одзема околу 10 минути (вклучувајќи го и сецкањето на овошјето), а за да ја направите, ќе ви бидат потребни следниве состојки:

  • Класик мусли од 2U
  • Јагоди
  • Банана
  • Боровинки
  • Путер од кикиритки
  • Топло млеко

Во чинија ставате 100 г Класик мусли од 2U, врз кои преливате 100мл топло млеко и ги оставате неколку минути за да се впијат и згуснат. Потоа, во средината на чинијата, додајте неколку лажици путер од кикиритки, кој е богат со протеини (количината зависи од вашиот апетит). Од страните на кашата ставете сецкани јагоди и банана, а на крај додадете свежи боровинки.

Оваа мусли кашичка не само што е неверојатно вкусна, туку е и полна со хранливи состојки, протеини и енергија. Совршен избор за деновите кога утрата се брзи и немате време за традиционален доручек, но сепак сакате нешто што ќе ве разбуди и ќе ви даде енергија за цел ден.

Чоко мусли кашичка 🍫

Да бидеме искрени, сите ние понекогаш посегнуваме по нешто слатко веднаш штом ќе се разбудиме, чоколадо наутро звучи примамливо, нели? Но, иако знаеме дека тоа не е најздравиот избор, постои начин да ја задржиме таа сладост наутро без да направиме компромис со нашето здравје.

2U Чоко муслите се одлична варијанта на ова! А во следниот параграф ќе дознаете како да направите брза и здрава кашичка со нив.

Потребни состојки:

  • Класик мусли од 2U
  • Јагоди
  • Банана
  • Боровинки
  • Путер од кикиритки
  • Топло млеко

Припремата е едноставна, во чинија ставате 100 г од Чоко муслите а потоа преливате 100мл топло млеко и ги оставате неколку минути да се впијат и згуснат. За екстра протеин можете да им додадете банана или неколку лажици путер од кикиритки.

Тропикал мусли кашичка 🌴

Ако сте љубители на свежи и овошни комбинации, тропикалната мусли кашичка е идеална за внесување нов вкус во вашето утро. Совршена е за летните утрински часови кога барате нешто лесно, но освежувачко, пред да започне жештината.

Со времето, овие мали промени можат да направат голема разлика. Кога ќе научите да избирате попоздрави алтернативи, не само што ќе се чувствувате пополни со енергија, туку и ќе ја подобрите целокупната здравствена состојба.

Потребни состојки:

  • Класик мусли од 2U
  • Јагоди
  • Банана
  • Боровинки
  • Путер од кикиритки
  • Топло млеко

Припремата е едноставна и брза. Во чинија ставете 100 г тропикал мусли и додадете 100 мл млеко. Ако е лето, ладното млеко ќе ја нагласи свежината на состојките и ќе ве разлади, додека во зима топлото млеко ќе го збогати вкусот и ќе ви донесе малку тропско чувство, дури и во најстудените утра. Оставете ги неколку минути да се впијат и да добијат совршена текстура. Оваа кашичка ќе ве освежи, ќе ве наполни со енергија и ќе внесе малку сонце во секој ваш ден – без оглед на сезоната!

Како овесната каша го подобрува вашето здравје? ❤️‍🩹

Овесната каша е повеќе од обичен утрински оброк – таа е вистински сојузник за вашето здравје. Богата со бета-глукани, овесот го поттикнува варењето, помага во одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта и создава чувство на ситост кое трае со часови. Но, она што ја издвојува е нејзината способност да го поддржи кардиоваскуларното здравје – редовното консумирање овес е поврзано со намалување на нивото на лошиот холестерол. Дополнително, хранливите влакна во овесот делуваат како природна „четка“ за дигестивниот систем, помагајќи му на телото да се ослободи од токсините. Со секоја лажица овесна каша, правите чекор кон поенергично и урамнотежено тело.

Покрај тоа, овесната каша е и неверојатно прилагодлива. Можете да ја збогатите со различни додатоци како свежо овошје, семиња или јаткасти плодови, кои дополнително ќе го зголемат нејзиниот хранлив состав. Витамините и антиоксидансите од овие додатоци се одлична надополнување за вашиот организам, додека природните шеќери од овошјето ви обезбедуваат енергија без нагли скокови на шеќерот во крвта.

Овесната каша не само што е лесна за подготовка, туку е и одличен избор за секој што сака да води сметка за своето здравје, без разлика дали сте активен спортист или само барате балансиран почеток на денот. Дури и малите промени, како вклучувањето на овесната каша во вашето утро, може да донесат големи придобивки за вашето физичко и ментално здравје.

Сподели на:

Други блогови

Митови и вистини

Здравата исхрана е тема која никогаш не излегува од мода и за која секој има свое мислење.

Scroll to Top